Top Sport

Интер со „петарда“ ја прославија титулата

Интер ја прегази Сампдорија со 5:1, во првиот натпревар по освоената титула во Серија А. Фудбалерите на Антонио Конте, минатиот викенд, по поуза од 11 години, ја освоија титулата во Италија.

По само четири минути игра Гаљардини го постигна првиот гол. Алексис првиот од двата гола го постигна во 26.минута. Сампдорија намали преку Балде во 35.минута, а во следниот напад Алексис Санчез ја врати предноста од два гола на страната на Интер.

Во вториот дел Интер постигна уште два гола, преку Пинамоти во 61. и Лаутаро Мартинез во 70.минута.

Интер во среда ќе игра против Рома, а наредната сабота ќе го гостува кај Јувентус.

Scroll to Top