Top Sport

Пике: Не верувам дека Реал ќе победи на сите натпревари до крајот

Џерард Пике верува дека Барселона има шанси да ја освои титулата во Ла Лига. Искусниот фудбалер ова го изјави по ремито без голови со Атлетико Мадрид.

„Немам кристална кугла, но се уште сме живи, има уште три натпревари до крајот. Мислам дека одигравме добар меч, имаввме добри шанси. Атлетико е тим кој најдобро се брани, не е лесно да создадете шанси против нив“, рекол Пике.

Ветеранот, кој доби и жолт картон во финишот на мечот е свесен дека Реал по ремито на Барса и Атлетико судбината ја има во свои раце.

„Доколку победат во преостанатите четири натпревари ќе ја одбранат титулата. Екипите во Ла Лига се многу израмнети според квалитетот, не верувам дека некој ќе ги победи сите натпревари до крајот“.

Scroll to Top