Интер на Антонио Конте го имаше првиот тест пред новата сезона во Серија А, откако во пријателски меч стигна до убедлива 5:0 победа над швајцарскиот клуб Лугано.
Четири гола беа постигнати во првото полувреме, кога Лаутаро Мартинез даде два гола на асистенција на Алексис Санчез, додека во второто полувреме, во кое се смени речиси цел тим, во листата на стрелците се запиша и Ромелу Лукаку со гол од пенал.