Top Sport

Интер во недела без Чалханоглу

Интер без еден од клучните играчи ќе биде на тешкото гостување во Серија А. Хакан Чалханоглу ќе го пропушти гостувањето на Интер кај Удинезе.

Репрезентативецот на Турција се повредил во вторникот, во Лигата на шампионите. Интер во Плзен славеше над Викторија со 2:0.

Чалханоглу на овој натпревар ја повредил тетивата.

Веројатно на неговото место ќе игра Хенрик Мхитаријан..

Интер ќе гостува на Дачија арена во недела од 12.30 часот. Вице-шампионите на Италија имаат 12 поени по шест одиграни натпревари, еден помалку од Удинезе.

Scroll to Top