Top Sport

Кројф го продолжува патот на неговиот татко – стана нов спортски директор на Барселона

Барселона потврди дека Жорди Кројф е нивниот нов спортски директор, со што синот на легендата на клубот, Јохан Кројф, официјално потпиша договор со клубот од „Ноу Камп“.

48-годишниот Жорди Кројф, кој произлезе од славната академија на Барса, „Ла масија“, за во кариерата да игра и за Манчестер јунајтед, се врати во Каталонија во 2021 година како советник, и оттогаш го зголемуваше своето влијание во клубот.

„Барселона го објавува Жорди Кројф како нов спортски директор. Тој веќе ја извршува оваа улога од 1 јули. Фудбалер на Барса од 1993 о 1996, тој се врати минатата сезона како директор во интернационалната област на фудбалскиот дел и одигра клучна улога во двата последни трансфери како дел од спортската комисија“, велат од Барса.

Таткото на Кројф помина пет години како фудбалер на Барселона и осум како тренер, трансформирајќи го клубот и влијаејќи на генерации на тренери и фудбалери. Жорди пак, беше клучен во трансферите на Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде ова лето, работејќи заедно со тренерот Чави.

Scroll to Top