Top Sport

Интернационалецот Мирчевски меѓу хероите кои спречија трагедија во Србија

Поранешниот најдобар стрелец во Првата македонска лига, Мартин Мирчевски, кој го носи дресот на српскиот тим ТСЦ од Бачка Топола, е еден од хероите кои спречија трагедија на магистралниот пат Суботица – Бачка Топола.

Фудбалерите на ТСЦ налетаа на верижен судир меѓу 14 возила, каде што имаше песочна бура и беше намалена видливоста, по што Мирчевски и неговите колеги излегоа од автомобилот за да ги запрат останатите возила.

Во судирот на магистралниот пат во Србија има 11 повредени, а за среќа нема загинати.

Scroll to Top