Top Sport

Шпанија загуби, а селекторот е задоволен од играта на „фуријата“

Шпанија изненадувачки загуби на гостувањето кај Шкотска во квалификациите за ЕП 2024, но новиот селектор Луис де ла Фуенте изјави дека е задоволен од играта на тимот и нема причина да ги критикува играчите.

„Направивме многу работи на вистински начин во потрага по добар резултат. Позитивните моменти ќе ги чувамe за спомен. Може уште многу да се подобриме, но задоволен сум од односот на играчите. Најважно е да се извлечат правилни заклучоци“, прокоментира Де ла Фуенте.

„Двата гола беа резултат на случајности. Не можам да им замерувам на играчите. На ова ниво, секој детаљ може да биде одлучувачки. Во првото полувреме доминиравме, а потоа противникот ги блокираше сите наши напади. Натпреварот беше навистина тежок и Шкотска ги казни нашите грешки. Не ги обвинувам ниту Педро Поро, ниту Дани Карвахал. Тоа беа нормални фудбалски ситуации. Создававме шанси и генерално ми се допадна што одигравме како што сакавме. Овој пораз не ги менува нашите планови. Остануваат уште шест натпревари и нашата цел е да победиме на секој од нив. Знаевме дека нема да биде лесно“, истакна селекторот на Шпанија.

Scroll to Top