Top Sport

Инвестициска групација од Бахреин го купува Милан

Инвестициската групација „Инвесткорп“ од Бахреин е блиску до преземање на Милан за околу 1 милијарда евра, тврдат повеќе европски медиуми, додека актуелните газди на „росонерите“ засега молчат.

Оваа вест доаѓа откако утрово францускиот весник „Л’Екип“ објави дека УЕФА ги истражува сомнителните врски помеѓу италијанскиот клуб и Лил, францускиот клуб кој претходно беше во сопственост на истите американски газди, „Елиот“.

Сега, според „Блимберг“, претставниците на „Инвесткорп“, „Елиот“ и Милан не ја коментираат зделката, која според упатени луѓе ќе чини околу 1.1 милијарди долари. Друг извор за „Ројтерс“ пак потврди дека договорот е пред остварување.

Американците дојдоа во посед на повеќекратниот европски шампион во 2018 година, кога претходниот газда, кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли не успеа да ги врати средствата кои ги позајми од нив. Милан оваа сезона, помалку неочекувано, се во борба за титулата во Серија А.

Scroll to Top