Top Sport

Тен Хаг го носи Дибала во Манчестер Јунајтед?

Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала би можел кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед, доколку Ерик тен Хаг и официјално биде поставен за нов менаџер на тимот за следната сезона, откриваат медиумите на Островот. За него се интересираат уште три клуба од Премиерлигата, Арсенал, Тотенхем и Њукасл, но тој нема намера да прифати било која од овие понуди.

Аргентинецот би сакал да избегне да оди во Интер, поради навивачите на Јувентус, но тоа сепак останува реална опција. Во Шпанија за него се интересира Атлетико Мадрид, а француските медиуми најавуваат дека и ПСЖ би можел да испрати конкретна понуда.

Ерик тен Хаг е релиси договорен да го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед, а тука се отвора сериозна опција за Дибала. Тој потсетува на Тадиќ, може да игра на слична позиција, а наводно Холанѓанецот веќе го споменал неговото име при преговорите со челниците на „црвените ѓаволи“.

Scroll to Top