Top Sport

Инвесткорп ја повлече понудата за Милан, Ребрд се нови сопственици?

Новинската агенција Ројтерс објави дека бахреинскиот конзорциум Инвесткорп се повлекол од трката да стане нов газда на Милан, оставајќи простор американската компанија Редбрд да стане нов газда на „росонерите“.

Претходно во текот на денот, италијанските медиуми тврдеа дека Редбрд се поготвени веднаш да платат 1.3 милијарди евра за Милан, цифра која може да порасне на 1.8 милијарди со инвестициите во следните неколку години.

Милан во моментов се во сопственост на Елиот менаџмент, компанија која стана газда на клубот откако претходниот сопственик, кинескиот милијардер Јонхонг Ли не успеа да ги врати долговите кои ги направи кога го купи Милан од Силвио Берлускони.

Според Ројтерс, Инвесткорп биле блиску до договор, но не успеале да се договорат за формулата со која ќе се обезбедат потребните 1.2 милијарди евра, од кои 400 милиони ќе пристигнеле преку позајмици, нешто што не им се допаѓачо на луѓето од Елиот.

Scroll to Top