Top Sport

Инзаги го продолжил договорот

Тренерот на Лацио Симоне Инзаги (44) ја продолжи соработката со клбот до 2023 година. Лацио сезонава се бори за скудетото во Серија А, на табелата има само бод помалку од лидерот Јувентус.

Инзаги ја продолжил верноста кон клубот и во наредните три години. Годишн, без бонусите, ќе заработува три милиони евра.

Симоне Инзаги тренер на Лацио стана во април 2016 година. Досега успеал да освои три трофеи, два во Суперкупот на Италија и еден во Купот.

На вкупно 192 натпревари Инзаги со Лацио забележал 106 победи, 51 порази, 35 нерешени резултати.

Scroll to Top