Top Sport

Манасков и Даниловски ќе останат во Охрид

Ракометниот клуб Охрид ги продолжи договорите со голманот Никола Даниловски и левиот бек Мартин Манасков.

Даниловски и Манасков договориле едно годишна соработка со Охрид.
„Даниловски и Манасков остануваат во РК Охрид. Преговорите се одвиваа без пречка и веднаш постигнавме договор со ракометарите. Во најскоро време очекуваме да пуштиме рака и со другите играчи, кои беа дел од мината сезона“, соопштија од клубот.

Претходно својата верност кон РК Охрид ја продолжија интернационалците Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ и Денис Тот, а нов договор доби и тренерот Раде Стојановиќ.

РК Охрид сезоната која е прекината поради коронавирусот ја заврши на второто место во Суперлигата. Сепак охриѓани нема да играат во европските купови, откако РФМ реши за пласман во Европа да за важечка да ја прогласи табелата од минатата сезона.

фото/ohridnews.com

Scroll to Top