Новиот тренер на Интер, Симоне Инзаги вели дека очекува „прекрасен“ старт на сезоната, објаснувајќи дека „нераѕурите“ имаат големи амбиции во новата сезона и покрај продажбата на Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими.
Поранешниот тренер на Лацио, својот прв официјален меч во Интер ќе го има против Џенова во сабота пред домашните фанови.
„Ќе биде многу емоционално да се игра по година и пол пред празни стадиони и верувам дека утре ќе биде прекрасно и едвај чекам. Не очекува тежок меч против Џенова, каде што тренер е Давиде Балардини, кој рабоеше со мене. Ќе видиме што сме направиле овие 45 дена на теренот и подготвени сме за старт. Интер има амбициозни цели, не сакам да давам декларации, но мотивацијата ќе биде најважна. Си заминаа Хакими и Лукаку, а Кристијан Ериксен има проблеми, така што јас лично го побарав Един Џеко, а сите го знаеме квалитетот на Хакан Чалханоглу. Знам дека предизвикот е голем, дека фановите се разочарани, но треба да знаат дека моравме да го осигураме клубот. Мора да бидеме обединети“, вели Инзаги.