Top Sport

Инзаги: Милинковиќ-Савиќ инсистираше да продолжи со скршен нос!

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги открива дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ играл со скршен нос при 2:0 поразот од Фиорентина, со кој шансите за пласман во Лигата на шампионите најверојатно останува само сон.

Лацио имаа седум победи во последните осум меча, но се соочија против тим кој се бори за опстанок.

„Милинковиќ сакаше да остане на теренот по секоја цена, но сигурен сум дека го скрши носот при судирот со глави со Пулгар пред полувремето. Фиорентина секогаш се многу физички силен тим и ни беше потребен таков играч. Имаме уште четири меча и ќе се обидеме да победиме на сите, а во фудбалот се случуваат и почуди работи“, вели Инзаги.

topsport.mk/fudbal/vlahovikj-gi-isfrli-lacio-od-borbata-za-lsh/

Scroll to Top