Top Sport

Инзаги: Мислеа дека ова е „транзициска“ година за Интер, но ние сме шампиони

Симоне Инзаги е задоволен од добрата игра на Интер во последните недели, откако по победата над Венеција „удри“ по тие кои сметаа дека тој е донесен во Милано како „преоден“ тренер кој треба да го држи клубот на пристојна позиција по освојувањето на скудетото минатата сеозна.

Откако лани по прекинувањето на доминацијата на Јувентус во Серија А, од клубот си замина тренерот Антонио Конте, како и ѕвездите Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, очекувањата беа дека Интер нема да биде во борба за висок пласман.

„За мене тоа е комплимент. Интер се италијански шампиони, некои велеа дека ова е транзициска година, во која ќе треба да се фокусирам на спасување на клубот, но кога пристигнав наидов на огромна поддршка и на сосема фантастичен тим. Донесовме играчи кои одговараат на проектот, стигнавме до осмиафиналето на Лигата на шампионите, и ќе одиме кај Реал Мадрид по првото место во групата. Немаше потреба да ги мотивирам моите фудбалери пред стартот на сезоната, бидејќи тие се професионалци. Да потсетам, Интер е шампион на Италија“, изјави Инзаги по вчерашната 2:0 победа кај Венеција.

Scroll to Top