Top Sport

Камбосос го шокираше Лопез за обединување на титулите во лесна категорија

Австралиецот Џорџ Камбосос Џуниор е нов освојувач на ИБФ, ВБА и ВБО титулите во лесна категорија, откако го шокираше големиот фаворит, Американецот Теофимо Лопез на мечот во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.

Камбосос, кој влезе на мечот како 6-1 аутсајдер, го прати Лопез на подот во првата рунда, а потоа самиот стана во 10. рунда од слична позиција за да победи на поени пред гласната публика. Двајца од судиите решија дека Камбосос победил (115:112, 115:111) додека третиот сметаше дека Лопез бил подобар (114:113).

„Верував во себеси и знаев дека можам да го победам. Јас не сум крал, јас сум император, бидејќи одам од земја во земја и ги соборувам сите“, вели Камбосос.

За 24-годишниот Лопез (16-1, 12 КО) ова беше прв меч по победата над Василиј Ломаченко минатата година, но во борбата на годината, според многумина, беше во сенка на 28-годишниот Австралиец (20-0, 10 КО), кој откако ги изддржа нападите во првите неколку рунди, беше поактивниот боксер.

Scroll to Top