Top Sport

Иран – 14.репрезентација која се пласира на СП во Катар

Иран со победата над Ирак (1:0) обезбеди пласман на светското првенство во Катар. Фудбалската репрезентација на Иран е првата репрезентација од Азија, која низ квалификациите избори место на Мундијалот. Пласман на СП, автоматски избори домаќинот Катар.

Покрај овие две селекции пласман на Мундијалот изборија европските селекции: Шпанија, Холандија, Белгија, Франција, Германија, Хрватска, Швајцарија, Англија, Србија и Данска, односно Бразил и Аргентина од Јужна Америка.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 22.ноември до 18.декември.

Scroll to Top