Top Sport

Македонските олимпијци утре заминуваат за Пекинг

Македонскиот олимписки комитет, на прес конференција, ги претстави македонските репрезентативци кои ќе учествуваат на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Македонија во Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада има натпреварувачи во нордиско и алпско скијање.

Ана Цветановска ќе се натпреварува во крос кантри, во дисциплините 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично. Натпреварите во овие дисциплини ќе се одржат на 5. и 10.февруари.

Дардан Дехари во слалом и велеслалом на патеките ќе излезе на 13. и 16.февруари.

Ставре Јада, во крос кантри ќе се натпреварува во дисциплините, спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно, на 8. и 19.февруари.

Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари.

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4. део 20.февруари.

Scroll to Top