Иран стана првата азиска репрезентација која успеа да се квалификува на Светското првенство во Катар, откако со 1:0 го совладаа соседот Ирак во четвртокот.
Со победата, Иранците обезбедија едно од првите две места во групата А и сега можат да почнат со подготовките за свој трет Мундијал во низа. Јапонија и Јужна Кореја, исто така забележаа победи денеска за да останат на добар пат до место во Катар – Јапонија со 2:0 беше подобра од Кина, додека Јужна Кореја (која има 9 квалификации во низа на СП), со 1:0 го совладаа Либан.
Мехди Тареми, ѕвездата на Порто, се врати во составот на Иран по конфликтот со селекторот, хрватот Драган Скочиќ, за да го постигне единствениот гол при победата над Ирак.