Top Sport

Бекер: Надал „начека“ да го нема Ѓоковиќ во Мелбурн

Осумкратниот гренд слем шампион и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер смета дека Рафаел Надал најмногу „профитирал“ од сагата со откажувањето на визата на светскиот рекет број 1 пред Австралија опен.

„Нема сомнеж дека исклучувањето на Новак Ѓоковиќ целосно го поремети овој гренд слем. Рафаел Надал е тој што најмногу доби од ваквата ситуација. Со Ноле во турнирот, тој ќе имаше многу помалку шанси да го крене трофејот“, вели Бекер во својата колумна за „Дејли мејл“.

Сепак, тој го пофали Шпанецот за неговите игри во Мелбурн и за новиот камбек на тениските терени.

„Рафа уште еднаш ни покажа дека знае како да се оддржува во текот на две недели. Сега, неговите противници го чувствуваат притисокот“, додава Бекер.

Scroll to Top