Top Sport

Иран први од Азија на Мундијал, Јужна Кореја и Јапонија на чекор од квалификација

Иран стана првата азиска репрезентација која успеа да се квалификува на Светското првенство во Катар, откако со 1:0 го совладаа соседот Ирак во четвртокот.

Со победата, Иранците обезбедија едно од првите две места во групата А и сега можат да почнат со подготовките за свој трет Мундијал во низа. Јапонија и Јужна Кореја, исто така забележаа победи денеска за да останат на добар пат до место во Катар – Јапонија со 2:0 беше подобра од Кина, додека Јужна Кореја (која има 9 квалификации во низа на СП), со 1:0 го совладаа Либан.

Мехди Тареми, ѕвездата на Порто, се врати во составот на Иран по конфликтот со селекторот, хрватот Драган Скочиќ, за да го постигне единствениот гол при победата над Ирак.

Scroll to Top