Top Sport

Исчезнал авионот со кој летал најскапиот играч на Кардиф

Емилиано Сала (28), кој три и пол години играше за Нант, пред неколку дена потпиша за Кардиф за клупски рекорд од 17 милиони фунти. Англиските медиуми пишуваат дека авионот „Пајпер Малибу“ во кој биле пилотот и Сала исчезнал над Ламанш.

Сала од почетокот на сезоната постигна 13 гола за Нант што и му овозможи трансфер во Кардиф. Тој откако го потпиша договорот со Кардиф се вратил во Франција за да се поздрави со поранешните соиграчи.

Аргентинецот ги собрал поранешните, а под фотографијата што ја објавил на „Твитер“ пишува „Последен поздрав“.

Инаку за овој напаѓач интерес, во овој преоден рок, покажуваа Евертон, Вест Хем, Вулверхемптон и Фулам, а во Нант решиле да ја прифатат најбогата понуда, што ја испратиле од Кардиф.

Emiliano Sala is a Bluebird!

? "I can’t wait to start training, meet my new teammates and get down to work."? bit.ly/2DkNIgG#CityAsOne ?⚽️?⚽️

Posted by Cardiff City Football Club on Сабота, 19 јануари 2019

Scroll to Top