Top Sport

Иско не помислувал на трансфер: Среќен сум во Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско Аларкон, рекол дека нема намера да го напушти тимот и дека е среќен на „Сантијаго Бернабеу“.

Изминатите неколку недели медиумите шпекулираат дека Иско е незадоволен статусот што го има кај Сантијаго Солари поради што бил подготвен за трансфер во друга екипа.

Како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваат Манчестер сити, Челси и Јувентус.

„Немам намера да го напуштам Реал во јануари, среќен сум во Мадрид. Сакам да останам во Реал и да освојам уште многу титули“, рекол Иско.

Иско има договор со Реал до 2022 година, а откупната клаузула изнесува 700 милиони евра.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');