Поранешниот шпански репрезентативец Иско замина од Севилја, но најверојатно ќе ја напушти и Европа и ќе прејде преку Атлантикот. Тој е на прагот кариерата да ја продолжи во МЛС лигата.
За Иско беа заинтересирани неколку клубови од Премиерлигата, но тој на крајот одлучил да го засили тимот на ЛА Галакси.
Одличните игри во Малага на Иско во 2013 година му донесоа трансфер во Реал Мадрид. За шпанскиот гигант одигра 353 натпревари и постигна 53 гола, а во дресот на Шпанија на 38 натпревари запиша 12 гола.