Top Sport

Жоао Феликс оди на позајмица во Премиерлигата

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид е подготвен да го пушти португалскиот офанзивец Жоао Феликс (23) на позајмица до крајот на сезоната, но без откупна клаузула, пренесуваат шпанските медиуми. Според медиумите, мадридскиот клуб бара 6 милиони евра за позајмица на Феликс до крајот на сезоната, без опција за откуп.

Клубот од Мадрид е подготвен да го продаде 23-годишниот Португалец, но за сума од 100 милиони евра, што е за 26 милиони помалку од сумата што Шпанците ја платија за него во 2019 година на Бенфика. Клубот е свесен дека многу малку клубови во светот се подготвени да платат 100 милиони евра за еден играч во зимскиот преоден рок, поради што Атлетико му ја отвори вратата на Феликс да замине на позајмица.

Според Шпанците, Жоао Феликс е најблиску до позајмица во Арсенал или Манчестер Јунајтед. Тој беше член на португалскиот тим кој се натпреваруваше на Светското првенство во Катар, и загуби во четвртфиналето од Мароко.

Scroll to Top