Фудбалскиот клуб Севиља на социјалните мрежи се пофали дека Иско Аларкон е нивниот нов играч.
Клубот од Андалузија ги договори сите детали од двегодишниот договор. Иско ќе го стави свјот потпис на договор кога ќе ги заврши лекарските прегледи.
На доаѓањето на Иско во Севилја инсистираше тренерот Хулен Лопетеги. Најдобрите партии Иско ги имаше под водство на тренерот Лопетеги (и во шпанската репрезентација и во Реал) и тоа е една од причините поради која избра да дојде на „Рамон Санчез Пижуан“, попатно одбивајќи и некои побогати понуди од странство.
Иско во Севилја пристигна како слободен играч.
? Un ???? anda suelto por Nervión… ?#WeareSevilla pic.twitter.com/hwZOQPnHD5
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) August 8, 2022