Top Sport

Јунајтед и Јувентус го договориле трансферот на Рабио

Манчестер јунјатед и Јувентус го договориле трансферот на Адријен Рабио. „Скај спорт“ тврди дека овој трансфер би вредел 18.000.000 евра, плус одредени бонуси. Тоа значи дека сега само Јунајтед треба да ја договори платата на Рабиот со мајката на играчот, Вероник Рабио која воедно е и менаџер на својот син.

Францускиот репрезентативец влезе во последната година од договорот со Јувентус, а Јунајтед на крајот реши да го купи кога веќе не успеа да го откупи договорот на Френки де Јонг од Барселона.

Рабиот помина низ младинската академија на ПСЖ и на 27-годишна возраст веќе има големо искуство играјќи на највисоко ниво. За ПСЖ одигра 277 натпревари, а за Јувентус 129.

Scroll to Top