Top Sport

Иско во Челси за 70 милиони фунти?

Играчот на Реал Мадрид, Иско, во зимскиот преоден рок, би можел да замине од клубот, чии дрес го носи речиси шест години.

Иско не е задоволен од статусот што го има кај новиот тренер на Реал, Сантијаго Солари, а дополнителен проблем му претставува и лошиот однос што постои помеѓу него и навивачите.

Во второто полувреме на натпреварот против ЦСКА Москва, во Лигата на шампионите, фановите на Реал со свирежи го испратија секој негов допир со топката.

Шпекулациите говорат дека Иско кариерата ќе ја продолжи во Челси. Наводно тој ќе потпише четири и пол годишен договор, а неделно би заработувал 250.000 фунти. Челси трансферот ќе го плати со 70 милиони фунти, а на „Стенфорд Бриџ“ биле подготвени и да му исплатат дополнителна сума, како бонус кога ќе го потпишел договорот.

Иско е поранешен играч на валенсија и Малага, во Реал е од 2013 година, а оваа сезона има постигнато четири гола на 17 одиграни натпревари.

Scroll to Top