Top Sport

Кристопанс трансфер-цел на Раул Гонзалес и ПСЖ

Даинис Кристопанс од наредната сезона ќе го носи дресот на најбогатиот ракометен клуб во светот Пар Сен Жермен, објави специјализираниот ракометен портал „Хандбал планет“, повикувајќи се на свои извори.

На трансферот на Летонецот во Париз инсистирал тренерот Раул Гонзалес, кој во 2017 година го донесе Кистопанс од Мешков Брест во Вардар. Во кариерата, Кристопанс, настапувал и за Татран Прешов.

Највисокиот играч во Лигата на шампионите (215 сантиметри), кој настапува на позицијата десен бек, според истиот извор, во Пари Сен Жермен, ќе го замени Хрватот Лука Степанчиќ, кој во конкуренција на францускиот репрезентативец Недим Ремили не успеа да се избори за некоја поголема минутажа на теренот.

Scroll to Top