Top Sport

Исланѓаните ни направија услуга, за бараж треба да ги победиме!

Исланд одигра спортски и успеа да ги заддржи Романците на само 0:0 на стадионот на „Стеауа“ во Букурешт, со што ни ја отворија вратата за второто место и пласман во баражот за квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.

Со победа, Романија ќе беше на второто место со 16 поени, еден повеќе од Македонија, а бидејќи во последното коло игра со Лихтенштајн, речиси сигурно ќе го заддржеше пласманот. Вака, на нас во Скопје во недела, ни е потребна победа токму над Исланд за да ставиме печат на второто место, историско во едни квалификации за Мундијал.

Германија, пак, беше безмилосна против Лихтенштајн, победувајќи со 9:0.

ГРУПА Ј

Германија – Лихтенштајн 9:0

Романија – Исланд 0:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top