Top Sport

Звезда го собори Асвел, ЦСКА ја прекина лошата низа

Никола Калиниќ и Никола Ивановиќ беа тука кога беше најпотребно, за Црвена звезда со својата типична дефанзивна кошарка да стигнат до 73:67 победа над Асвел, за да го подобрат својот скор на 4-5 по девет кола во Евролигата.

Калиниќ заврши со 20 поени од 7-од-12 од поле, а додаде и 4 скока, 3 асистенци и 2 украдени топки, додека Ивановиќ имаше 14 поени и 5 асистенции за Звезда, која поведе со 22:9, и иако Асвел се врати на пет поени негатива (50:45) на крајот на третата четвртина, победата беше сигурна. Асвел сега има 6-3 скор.

Многу понеизвесно беше во Москва, каде што ЦСКА беше на чекор до историски четврти пораз во низа во Евролигата, за да се врати со драматична 74:73 победа над Макаби Тел Авив, кои пак пред овој меч имаа пет победи во низа.

Ифе Лундберг постигна 8 од своите 14 поени во последните пет миути игра, а го имаше и клучниот потег во одбраната во последниот напад на Макаби. Дерик Вилијамс, кој имаше 20 поени за Макаби, го утна последниот обид под кошот за победа на домаќините.

ЕВРОЛИГА, 9.КОЛО

ЦСКА Москва – Макаби Тел Авив 74:73 (17:19, 22:19, 19.21, 16:14)

Црвена звезда – Асвел Лион 73:67 (18:9, 15:23, 17:13, 23:22)

Алба Берлин – Анадолу Ефес 63:90 (21:20, 14:31, 12:19, 16:20)

Панатинаикос – Уникс Казан 72:74 (15:15, 21:20, 18:19, 18:20)

Барселона – Басконија 93:67 (32:15, 23:16, 26:10, 12:26)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top