Top Sport

Вориорс го добија дербито, Лејкерси пак загубија

Во големото божиќно дерби на Западната конференција, Голден Стејт вориорс стигнаа до 116:107 победа над Финикс санс за да се зацврстат на првото место и повторно да се први фаворити за НБА титулата.

Стеф Кари беше најдобар со 33 поени, 6 асистенции и 4 скока, за 13-ти пат оваа сезона да постигне повеќе од 30 поени, додека кај Финикс, не беа доволни Крис Пол со 21 поени и Ејтон со 18 поени.

Лос Анџелес лејкерс, пак, никако да излезат од кризата, откако загубија дома од Брукли нетс со 115:122. Леброн Џејмс имаше 39 поени, 9 скока и 7 асистенции, но без поддршка од своите соиграчи не можеше повеќе. Нетси, кои беа без Кевин Дурент, беа предводени од Џејмс Харден со 36 поени, 10 скока и 10 асистенции. Ова е петти пораз во низа за „езерџиите“.

Јута Џез дома стигна до 120:116 победа ад Далас маверикс, благодарение на 33-те поени на Донован Мичел. Далас беше без Лука Дончиќ, а не помогнаа ниту 27 поени на Брансон и Порзингис.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Њујорк – Аталанта 101:87

Милвоки – Бостон 117:113

Финикс – Голден Стејт 107:116

ЛА лејкерс – Бруклин 115:122

Јута – Далас 120:116

Scroll to Top