Top Sport

Италија дозволи максимален капацитет на стадионот за баражот со Македонија

Стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо ќе биде исполнет до последно место за баражот меѓу Италија и Македонија, полуфинална плеј-оф пресметка за пласман на Светското првенство во Катар. Италијанските власти денеска дадоа посебна дозвола стадионот во Палермо на 24. март да биде исполнет со максимален капацитет од 36.000 гледачи. Во моментот, во Италија се уште е на сила одлуката фудбалските стадиони да бидат исполнети со 75% од капацитет како една од мерките против пандемијата на Ковид-19. Сепак, направен е исклучок за важниот натпревар во Палермо.

Ова значи дека Фудбалската федерација на Италија доби дозвола да пушти во продажба уште 10.000 билети за натпреварот против Македонија, Претходно, беа распродадени сите 26.000 билети за само два часа.

Свои навивачи во Палермо ќе има и Македонија. Според новата одлука, околу 1.500 Македонци се очекува да бидат присутни и да и дадат поддршка на фудбалската репрезентација на пресметката против Италија.

Scroll to Top