Италија ќе се „судри“ со моќната Шпанија, додека Белгија ќе го предизвика светскиот шампион Франција во полуфиналињата од Лигата на нации на УЕФА, беше утврдено на денешната ждрепка.
На „Сан Сиро“ во Милано на 6 октомври 2021 година ќе се судрат Италија и Шпанија, додека еден ден подоцна на „Алијанц стадионот“ во Торино ќе играат Белгијците и Французите. Финалето се игра на 10 октомври во Милано.
Ова е второ издание на новото натпреварување на УЕФА за репрезентациите, откако во првото Португалија ja совлада Холандија со 1:0. Четирите нации кои играа во првиот фајнал фор турнир не се квалификуваа за вториот – покрај Холанѓаните и Португалците играа и Англија и Швајцарија.