Италијанскиот репрезентативец Леонардо Спинацола доживеа тешка повреда во текот на четврт-финалниот натпревар со Белгија, на Европското првенство.
„Скај Италија“, објави дека Спинацола ја скинал Ахиловата тетива. Ова е една од најтешките повреди за фудбалерите. Спинацола го очекува повеќе месечна пауза.
28-годишниот лев бек беше еден од најдобрите играчи на Европското првенство и еден од најзаслужните за одличните изданија на Италија.
Спинацола се повреди во 76.минута, на носилки беше изнесен од теренот и веднаш беше префрлен во болницата во Минхен.
Италија, синоќа ја победи Белгија со 2:1 и се пласираше во полу-финалето. На 6.јули, во Лондон, Италија за пласман во финалето ќе се бори со Шпанија.