Top Sport

Италијанците му бараат милиони во данок на Вучиниќ

Црногорскиот фудбалер Мирко Вучиниќ се најде во центарот на вниманието во Италија, откако даночната управа објави истрага за затајување на данок од 5.8 милиони евра, бидејќи не ја пријавил заработувачката додека беше фудбалер на Ал-Џазира во Обединетите Арапски Емирати.

Судот во Рим го прифатил барањето на обвинителите и му го запленил имотот додека не се исплати сумата. Вучиниќ поголемиот дел од својата кариера ја помина во Италија, каде што играше за Лече, Рома и Јувентус, пред да настапува за Ал-Џазира, пред пензионирањето во 2017 година.

Scroll to Top