Top Sport

Милан почнале да преговараат со Рајола за враќањето на Златан

Милан ги започнал преговорите со менаџерот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Рајола за можно враќање на шведскиот ветеран кај „росонерите“.

Според „Скај спорт Италија“ и новинската агенција „АНСА“ објавија дека Милан првпат го контактирале Рајола денеска, откако Швеѓанецот си замина од Лос Анџелес галакси, со кои има договор до следниот месец.

Иако се верува дека неговите барања од клубот се „многу високи“, „Скај спорт Италија“ верува дека клубот е подготвен да му даде 18-месечен договор во обид да ја подобри формата.

38-годишниот Ибрахимовиќ постигна 56 гола во 85 меча за Милан од 2010 до 2012 година, освојувајќи скудето во првата сезона.

Scroll to Top