Top Sport

Хабиб не се „штрека“ на Мекгрегор: Не обрнувам внимание на идиоти (видео)

УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов повторно имаше совршен одговор на последните навреди од својот ривал Конор Мекгрегор, оценувајќи дека нема време да „обрнува внимание на идиоти“.

Бескрајната војна на зборови меѓу Дагестанецот и Ирецот продолжува, и при гостувањето на случување за деца во Москва доби прашање дали ќе му ја оствари желбата на Мекгрегор за дуел во Москва.

„Искрено, не верувам дека тој сака да влезе во тој меч. Зошто? Го победив во четири рунди. Го задавив и тој се предаде и тоа е знак дека не сакаше да биде таму. Сега вели дека сака ри-меч, но треба да го заслужи тоа – тој нема победа четири години. Јас кога одев на титула морав да победам во 10 меча во низа. Тука сме различни – тој само зборува, јас го правам тоа. Тој е идиот. Не обрнувам внимание на идиоти“, одговори Нурмагомедов.

Scroll to Top