Top Sport

Италијанците симнаа капа на „династијата“ Малдини

Милан вчера успеа да стигне до својата петта победа оваа сезона, триумфирајќи над Специја со 2:1, во меч во кој сите очи беа вперени кон Даниел Малдини, кој покрај тоа што првпат во кариерата беше стартер во лигашки меч, постигна и убав гол со глава.

Трите поени беа слатки, но фокусот на бројот 27 и семејството Малдини беше главна тема на италијанските спортски весници. Младиот Малдини со голот го наследи својот татко Паоло (сега спортски директор на клубот кој се радуваше на трибините) и својот дедо, легендарниот Чезаре.

„Малдини засекогаш. Даниел постигна гол, по Чезаре и Паоло, третиот од династијата кој има гол за росонерите. Таткото прославува на трибините“, стоеше на насловната страница на „Ла газета дело спорт“.

И „Тутоспорт“, спортскиот весник од Торино беше импресиониран: „Династија на Милан. Прв гол во Серија А за Даниел Малдини, кој ги следи таткото Паоло и дедото Чезаре“. На „Кориере дело спорт“ кратко пишуваше: „Внукот на ѓаволот. Од Чезаре до Даниел, преку Паоло – ова е династијата на Милан“.

 

Scroll to Top