Top Sport

Усик: Тренерот ми кажа да не го нокаутирам Џошуа

Новокрунисаниот шампион во тешка категорија, Олександер Усик вели дека од неговиот агол добил совет да не го нокаутира Ентони Џошуа на вчерашниот меч на стадионот на Тотенхем.

Украинецот, кој победи со 117:112, 116:112 и 115:113 кај тројцата судии, вели дека неговиот план бил едноставен и дека знаел дека ќе стигне до победа.

„Мечот се одвиваше точно како што очекував. Имаше моменти во кои тој ме притискаше, но тоа не беше ништо посебно. Немав цел да го нокаутирам. Моите тренери ми кажаа дека не треба да одам на нокаут и да се држам до својот план“, вели Усик.

34-годишниот поранешен шампион во крузер категорија, смета дека може да биде и многу подобар, но дека не планира римеч со Џошуа.

„Работам напорно од јануари. Ми беше потребна половина година за да стигнам до ова. Сега ми недостасуваат децата, сакам да си одам дома и не размислувам за римеч. Не го видовте најдобриот Усик, можам да сум многу подобар“, изјави Украинецот.

Scroll to Top