Италија, конечно, забележа победа на репрезентативно ниво, откако Матео Политано постигна гол во 94. минута за 1:0 триумф над САД во меч одигран во Генк, Белгија.
Ова беше последен тест за репрезентацијата на Роберто Манчини во 2018 година, која ќе остане забележана како една од најнеуспешните во историјата по неуспехот да се пласираат на СП во Русија, но и неуспехот во Лигата на нации, каде што Португалија ги „претекна“ за место во финалето.
Тест имаа и светските шампиони, Франција, кои на „Стад де Франс“ го пречекаа Уругвај откако Холандија ги „претекна“ до место во финалето на Лигата на нации. Единствениот гол за триколорите го постигна Оливие Жиру од пенал за минимален триумф за крај на 2018.
Фото: ЕПА