Top Sport

Италијанците со малку среќа до реми со БиХ, Холанѓаните преку Полска

Италија го започна настапот во новото издание на Лигата на нации на УЕФА со 1:1 реми со Босна и Херцеговина на „Артемио Франки“ во Фиренца, додека Холандија со минимални 1:0 ја „реши“ Полска.

Един Џеко ги „стресе“ „аѕурите“ во 57. минута од мечот по мешаница во шестнаесетникот по корнер за БиХ, за десет минути подоцна Стефано Сенси со малку среќа и помош од одбраната на гостите да израмни на 1:1.

Во Амстердам пак, фудбалерот на Тотенхем, Стивен Бергвајн беше сигурен по еден убав напад на Холанѓаните во 61. минута за 1:0 победа.

ЛИГА НА НАЦИИ, 1.КОЛО

ЛИГА А, ГРУПА 1

Италија – Босна и Херцеговина 1:1

Холандија – Полска 1:0

ЛИГА Б, ГРУПА 1

Норвешка – Австрија 1:2

Романија – Северна Ирска 1:1

ЛИГА Б, ГРУПА 2

Словачка – Чешка 1:3

Шкотска – Израел 1:1

ЛИГА Ц, ГРУПА 4

Литванија – Казахстан 0:2

Белорусија – Албанија 0:1

ИТАЛИЈА – БИХ

ХОЛАНДИЈА – ПОЛСКА

Scroll to Top