Top Sport

Италијанците тврдат: Санчез се договорил со Интер

Алексис Санчез ги договорил личните услови со Интер, тврди „Скај спорт Италија“ и неговиот агент сега треба да се договори со Манчестер јунајтед за праќање на Чилеанецот на „Сан Сиро“, втор трансфер во оваа насока ова лето.

Санчез бил пресреќен кога дошла понудата од Интер, бидејќи ќе добие шанси да работи со Антонио Конте, откако неколку пати се „разминаа“ во кариерата и исто така сака да игра во Лигата на шампионите.

За да се оствари овој трансфер тој треба да прифати значително намалување на платата, и сега неговиот агент Фернандо Фелисевич треба да ги убеди Јунајтед за договор со позајмица до крајот на сезоната со дополнителни клаузули.

Ова би било враќање на 30-годишниот Чилеанец во Серија А, откако тој си направи име за себе со Удинезе од 2007 до 2011, пред да игра со Барселона, Арсенал и Јунајтед. Исто така, тој би играл повторно со својот добар пријател Ромелу Лукаку, кој направи трансфер од Јунајтед во Интер.

Scroll to Top