Top Sport

Лукаку одговори на критиките: Не е лошо за дебело момче

Новиот напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку одговори на критиките дека е претежок и дека не е во добра физичка форма, откако летните тренинзи ги водеше со својот поранешен клуб Андерлехт обидувајќи се (успешно) да примора трансфер во Интер.

„Не е лошо за дебело момче“, напиша Лукаку на фотографијата во која во прв план беа неговите стомачни мускули.

Претходно весникот „Кориере дело спорт“ тврдеше дека тој ќе го пропушти стартот на сезоната против Лече на 26 август, додавајќи дека тој тежи 104 килограми, а Интер му поставиле крајна граница од 100 килограми.

Scroll to Top