Top Sport

Италијано го продолжи договорот

Фудбалскиот клуб Фиорентина и тренерот Винченцо Италијано ќе потпишат нов договор пренесуваат италијанските медиуми. Двете страни успеале да се договорат околу платата.

Фиорентина најпрвин понуди 1.500.000 евра по сезона, тренерот ја одбил таа понуда, барал 2.500.000, пишуваат медиумите, а на крајот се нашле на 1.700.000 евра.

И сега, кога е решено прашањето за тренерот, Фиорентина бара засилувања, а најголема желба на претседателот Роко Комисо е Лука Јовиќ, кој наскоро треба да пристигне во Фиренца како позајмен играч на Реал Мадрид.

Scroll to Top