Top Sport

Кил го освои третото место

Ракометарите на Кил го освоија третото место на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Кил во „малото финале“, по изведувањето на пенали го победи Веспрем. Натпреварот во основниот дел заврши 34:34.

Ефикасен и неииесен натпревар одиграа германскиот и унгарскиот тим. Веспрем од пенал, преку Мае во последните секунди од мечот се избори за пенали.

Кил пенал-рулетот го доби благодарение на најдобриот голман во ЛШ, Никлас Ландин Јакобсен, кој одбрани два седмерци.

Најефикасен кај Кил беше Билик со седум гола, Јахја Омар го предводеше Веспрем со осум гола.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков исто како и вчера не беше во протоколот. Мечот го следеше од трибините.

Scroll to Top