Top Sport

Италијанска мистерија – загина „ВИП-брокерот“ кој ограби милиони од Конте и Липи

Масимо Бокикио, таканаречениот „ВИП брокер“, кој успеа на измама да извлече над 300 милиони евра од славни фудбалски имиња како Антонио Конте, Стефан Ел Шарави и Марчело Липи го загуби својот живот вчера во Рим, а италијанските медиуми тврдат дека постојат многу необјаснети моменти околу неговата смрт.

Според „Кориере дела сера“, 56-годишиот Бокикио загинал откако имал сериозна мотоциклистичка несреќа, односно ја загубил контролата и со огромна брзина удрил во ѕид, по што се случила експлозија. Како на Бокикио, кој бил во домашен притвор, му било дозволено да се вози со мотоцикл останува нејасно.

Денеска, пак, истиот весник тврди дека нема никаков доказ дека телото кое било пронајдено по несреќата е тоа на Бокичио и судиите побарале ДНК-тест за да се потврди тоа.

Scroll to Top