Top Sport

Италијанската влада дозволи враќање на тренинзи од понеделник

Италијанската влада дозволи на клубовите од Серија А да продолжат со тренинзи во нивните центри од понеделник, откако дел од италијанските региони попуштија со ограничувањата за движење.

Според првичната одлука на владата, која ги налути професионалните фудбалери, беше дозволено враќање на тренинзите во индивидуалните спортови од утре, додека фудбалските клубови ќе мораа да почекаат до 18 мај.

Асоцијацијата на клубови и фудбалери успешно успеа да ги убеди првите луѓе на власта дека е побезбедно да се тренира во центрите доколку се почитуваат мерките за дистанцирање отколку да се дозволи фудбалерите да трчаат во локалните паркови.

И покрај тоа што ова дава надеж за продолжување на сезоната од Серија А, весникот „Ла република“ тврди дека премиерот Џузепе Конте може да ја прекине сезоната веќе во среда по состанокот со претставниците на клубовите.

Scroll to Top