Италијанската влада во својот последен декрет ја потврди својата поранешна одлука за карантин за секој фудбалски клуб кој би имал барем еден позитивен тест на КОВИД-19, во спротивност од барањето на Лега Серија А и Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).
Премиерот Џузепе Конте го најави декретот вчера вечер на прес-конференција, но денеска беше објавен составот на документот.
Еден од проблемите на клубовите е решен – медицинскиот персонал на клубовите е одговорен само ако има сериозно прекршување на правилата наместо само обичен позитивен тест, останува барањето секој клуб да замине на 15-дневен карантин доколу еден нивни член има позитивен тест.
Клубовите бараат да се воведе „германскиот модел“ под кој се изолира само позитивниот случај, а другите одат на тестирање, правила под кои се врати Бундеслигата.
Ова значи дека клубовите од Серија А нема да почнат со групни тренинзи и покрај дозволата.