Top Sport

Нејмар признава дека има мака со анксиозноста поради корона вирусот

Мега-ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар вели дека несигурноста околу враќањето на фудбалот поради пандемијата на корона вирусот придонела тој да страда од анксиозност додека е во неговата татковина, Бразил.

Без сигурен датум за враќање на француската Лига 1 и Лигата на шампионите, Бразилецот вели дека страда без фудбалот.

„Тоа што не знам кога ќе можам да се вратам на фудбалот придонесе да чувствувам анксиозност. Навистина ми недостасува играњето, натпреварувањето и моите соиграчи од Пари Сен-Жеремен. Сигурен сум дека и навивачите сакаат да ги видат сите назад на фудбалските терени што е можно побргу. Се надевам дека бргу ќе добиеме шанса“, напиша Нејмар на својата веб-страница.

Scroll to Top